18-годишната Алекса Дел е регуларно активна на социјалните мрежи, колку и било кој друг тинејџер, објавувајќи слики од семејните одмори, движењето на целото семејство и работи како точно време на пристигнува во Њујорк или нејзини омилени места за шопинг.
Во една прилика таа ја споделува локацијата на која се отидени на одмор нејзините родители, со точните датуми на враќање, како и слики од нејзиниот брат на одмор во Фиџи.
Во изјава за Бизнисвик оперативниот директор на компанијата што го чува Мајкл Дел, Џејсон Торсет, признал дека бил бесен кога дознал за сликите на Алекса, придружени со информации за активностите на семејството и неговата локација.
На објавувањето на веста, минатиот петок и претходеше гасење на Твитер профилот на Алекса.
Торсет објаснил дека Твитер и сличните на него, прават невидени проблеми за чие било обезбедување.
"Твитер е најужасниот од сите, бидејќи се е инстантно. Одма добиваш ГПС локација и точно знаеш каде е. Ова е лудило," порачува Торсет.