Во интервјуто за НБЦ, Ромни го критикуваше организаторот и Лондон дека не си ја завршиле работата баш најдобро (конкретно за обезбедувањето и штрајкот на цариниците).
Изјавата на 2 дена пред почетокот на Олимпијадата, ја крена на нозе цела Британија. Хаштагот #RomneyShambles стана еден од најкористените на Твитер, конзервативниот Дејли Меил го спореди Ромни со Сара Палин и Џорџ Буш, а дури и конзервативните британски пратеници порачаа дека "да се Американци не би гласале за Ромни."
Најдиректен беше градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон, кој го искористи гафот на Ромни да си каже што сака пред 60.000 луѓе.
"Има еден дечко што се вика Мит Ромни и сака да знае дали сме подогтвени. Дали сме подготвени?" на што од публиката доби едно громогласно "ДА!"