Првиот човек на козметичкиот гигант L'Oreal и најбогата жена на Франција Лилиен Батенкур (аха, таа горе) продаде неколку свои острови на Сејшелите за 60 милиони долари. Во 1998-ма ги купила за 18 милиони.
Батенкур се наоѓа во центарот на истрагата за илегални донации на претседателските кампањи на поранешениот претседател Никола Саркози. Обвинителството верува дека во 2007-ма година, таа на двапати му дала по 400.000 долари на Саркози а за возврат подоцна добила повеќекратни даночни олеснувања.
Своите острови на Сејшелите ги продала на една швајцарска фондација за зачувување на природата која планира да ги претвори во природен резерват на желки. Притоа Батенкур се согласила да го плати повеќемилионскиот данок кој го должи уште од нивното купување.
Се верува дека Сејшелите ги користела за избегнување данок во својата држава а за слични цели користи и банки во Швајцарија и Сингапур во кои се верува дека има депонирано заштеди од преку 80 милиони фунти.
Има 89 години.