
Во иднина ваквото префрлување е казниво со закон, бидејќи "навредата прави маж да се чувствува помалку мажествено."
Судската одлука е резултат на 1-годишен спор меѓу двајца братучеди, од кои едниот ја искористил навредата против другиот за време на една сосема неповрзана судска расправа.
"На страна вулгарноста на терминот, изразот дефинитивно има и особини кои можат да те повредат. Тој се однесува не само на недостатокот на мажественост на навредениот, туку и на слабоста на неговиот карактер, недостаток на решителност, способност и стабилност - особини, кои правилно или не, се уште се идентификуваат како поврзани со машкиот пол," изјавил судијата во спорот.