Дилерите од Рио де Женеиро, престанале да продаваат крак во две фавели во градот, бидејќи тамошните корисници станале премногу деструктивни од користење на дрогата.
"Нема да те лажам, многу се прави профит од кракот. Ама кракот исто така донесе и големо уништување на нашата заедница, па затоа повеќе не го продаваме. Зависниците ограбуваа куќи, се убиваа меѓу себе за ништо и сето тоа во нашата заедница. Сакаме да го избегнеме тоа и затоа престанавме да го продаваме," изјавил еден од нарко-босовите на фавелата Мандела, кој решил да престане со продажба на крак.
Истиот дилер објаснил дека тие продолжуваат да продаваат кокаин, марихуана и слични дроги, бидејќи "тие не прават такви социјални проблеми" во фавелата што тој ја контролира.