
Според авторот Ричард Минтер, Обама прво ја откажал мисијата во јануари, па во февруари и во март, и тоа заради инсистирањето на неговата советничка Валери Џарет.
Тој исто така се повикува и на изјавата на Белата куќа дека Обама го откажал нападот и на 1-ви мај, заради лошото време во Пакистан. Минитер пишува дека ги проверил записите на метеоролошки центар на американската авијација, кои покажале дека и на 1-ви мај условите биле перфектни за спроведување на акцијата.
Од Белата куќа комплетно ги негираат пишувањата во книгата, како "апсолутна измислица."
"Сосема е јасно дека господинот Минитер не знае за што зборува," изјавил претставник на Белата куќа.