Свет

Глоба заради командна одговорност

Иако кривично уште никој не одговарал, една јакуза организација по граѓанска тужба ќе мора да му исплати парична оштета на семејството на една нивна жртва. Инаку, полицијата никогаш не го реши конкретното убиство.

Што знае даночник што се 100 мил. евра

Добра вест за Италија: дел од Италијанците почна крајно сериозно да си ја сфаќа работата. Лоша вест за Италија: така што најбуквално го сфатија терминот собирање пари од данок.

Старите се криви за затоплувањето

Во комплетно тинејџерски манир, научниците се согласија дека за глобалното затоплување не сме криви ние, туку старите. Старите, како антички Римјани и Кинези.

Корпорацијата што ги води претседателските дебати

Една од непроменливите сили на американските избори, се претседателските дебати. Се случуваат еднаш на секои четири години, учествуваат само двајца кандидати и ги има во три продолженија (потпретседателите добиваат една башка дебата).

Те едно, те исто

Во разговор за ЕнБиСи, меѓу другите работи Марк Закерберг ги негираше муабетите дека има само 10 сиви маички што цело време ги менува. Има 20.

Туѓи пари и депресија

Кога ќе се спојат две статистики од беспарицата низ ЕУ се добива дека земјите кои најмногу трошеа туѓи пари и кои ја заглавија Европа, во исто време се и земји со најниска стапка на самоубиства во унијата.

Правете место за Гајдар

Добар дел од мексиканската јавност е збунета а дел револтирана откако во паркот во главниот град во кој се наоѓаат споменици на национални херои осамна и бронзена статуа на поранешниот азербејџански претседател Гајдар Алиев.

Апокалипсата се одлага на неодредено време

На конференцијата за календарот на Маите, археолозите, антрополозите и слични експерти се сложија дека - Маите правеле предвидувања за иднината, ама ниту едно за крајот на светот.

Кампањата која го "убива" Ромни

Вуд Каунти од Охајо е секогаш специјално интересна за американските кампањи поради фактот дека нејзините гласачи (125.000), од 1960-та година, освен еднаш, ги погодиле сите победници на американските избори! Под работна шифра "Бранко ви ги затвори фабриките", американските демократи таму упорно го форсираат следниов спот.

Како Обама ги штитеше дроновите

За прв пат во 22 години, американски претседател забрани странска компанија да купи американски бизнис на територијата на САД. И сето ова нема никаква врска со бизнис, и има секаква врска со дроновите на американската армија.

Британецот што си плати данок

Речиси сите британски медиуми, кои професионално, кои со потсмев, ја пренесоа веста за тоа дека човекот што земал најголема плата во Британија во 2011-та, го платил целиот данок на приход до последна фунта. Цели 34 милиони фунти.

Иран ги одмазди нинџите

На Иран не му е ништо смешно тоа што Ројтерс ги нарекува жените од специјалните сили - нинџа убијци.

Европа не е раат

Иако во Грција во изминатите неколку месеци генерално и да не престанаа протестите, последните немири сериозно ја раздрмаа земја. Сепак, периодов не се само Грците немирни околу плановите за кратење на пари и штедење.

Големиот фитнес водач

Човекот што дозволи земјоделците во Северна Кореја да зачувуваат дел од производите, кој отвори и забавен парк во земјата, како продолжение на реформите го отвори и првиот фитнес клуб во земјата.

Криминал на канадски начин

Додека на јужната граница САД има проблем да го спречи увозот на дрога во земјата, на северот се соочува со шверц од многу поневеројатен вид.

Катар го помага Париз со 100 милиони евра

Едни го сметаат за "исламизирање" на градот, други го сметаат за доказ за неуспехот на државата да се справи со социјалните проблеми, за Катарците сето ова е поевтино отколку што "заглавија" во ПСЖ.

Обама е Најк, Ромни е Армани

На прашањето - кој бренд е твојот кандидат - Обама и Ромни за гласачите се слични само на тема - десерт, за другото демократскиот кандидат е обичен човек, а републиканскиот не може да се ослободи од имиџот на богаташ.

Бразил троши 18% од светскиот кокаин

Моментално во Бразил има околу половина милион повеќе корисници на кокаин отколку што вкупно има луѓе во Македонија.

Предлог закони на клик

Во иднина секој жител на Финска на интернет ќе може да предложи закон и доколку се исполнат одредени услови финскиот парламент ќе мора да го разгледа предлогот.

Скопје како Паоло

Следниот пат кога ќе се буните за гужва во сообраќај, помислете на Сао Паоло, градот каде редиците во сообраќајот во просек се по 180 километри.

Небитен како протест во Кина

Привлечени од идејата за дефицит на Ајфон, светските медиуми инстантно објавија за немирите кои вчера започнаа во Фокскон. Она за што не објавија е дека вчера во Кина имаше уште 100-на други такви немири.

Планината со пари на Епл

Моментално на луѓето од Епл не им е најголем мерак тоа што тие се најбогатата компанија на светот, туку тоа што во рок од 1 година нивната вредност може да достигне 1.000 милијарди долари.

Штикла во грбот на Путин

Ако на почетокот на својата кариера како владетел на Русија, Путин имаше мака со чеченски муџахедини, во последниве неколку месеци не е раат од проблеми со опозициски жени. Најновата е руската Парис Хилтон - Ксенија Собчак.

Пудра, за освојување на кафеавите

На 6 недели пред изборите 60% од латино гласачите се за Обама, а 30 за Ромни, проблем што републиканскиот кандидат одлучи да го решава со гостување на еден од најпопуларните латино канали. Уште толку ја упрска работата.