Европа не е раат

Иако во Грција во изминатите неколку месеци генерално и да не престанаа протестите, последните немири сериозно ја раздрмаа земја. Сепак, периодов не се само Грците немирни околу плановите за кратење на пари и штедење.

Португалија


На 21-ви септември португалскиот претседател Анибал Силва го свика државниот совет да дискутираат за економската и политичка ситуација во земјата. Дента пред претседателската плата се одржаа најголемите протести во Португалија од симнувањето на диктатурата во 70-те години од минатиот век.

Шпанија


На 25-ти септември Шпанците излегоа пред националниот парламент за да штрајкуваат против најавените мерки за штедење. Протестот заврши со интервенција на полицијата.

Грција


На 26-ти септември во Грција се одржа 24-часовен генерален штрајк, кој заврши со сериозни немири и интервенција на полицијата. На 27-ми, во штрајк одржаа лицата со инвалидитет, заради најавеното кратење на социјалната помош.

29 септември 2012 - 13:33