Големиот фитнес водач

Човекот што дозволи земјоделците во Северна Кореја да зачувуваат дел од производите, кој отвори и забавен парк во земјата, како продолжение на реформите го отвори и првиот фитнес клуб во земјата.

Вежбалната "Центар за физичка активност" е поделена на 3 ката, а според државната новинска агенција KCNA таа има површина од 13.500 метри квадратни и 138 машини за вежбање, вклучувајќи справи за трчање, веслање и велосипедизам.

Како што пренесува KCNA "центарот е изграден по директна иницијатива и план" на Младиот Генерал (што е еден од називите кој се користи за Ким Јонг-Ун), дополнувајќи дека тој "секогаш е длабоко загрижен за унапредување на здравјето и животните стандарди на луѓето."

За време на посетата на фитнес клубот Јонг-Ун, порачал дека вработените мораат најдобро што може да го управуваат центарот за од таму да можат "да се слушаат среќните насмевки на луѓето".

28 септември 2012 - 14:37