Уредничката на техеранското биро на Ројтерс, Париса Хафези, е многу веројатно дека ќе заврши во затвор откако специјалниoт "суд за медиуми" ја прогласи за виновна за ширење лаги за Иранките кои вежбаат боречки вештини.
Насловот на оригиналната сторија беше "Илјадници женски нинџи вежбаат како ирански атентатори," за подоцна Ројтерс малку да го смири во "Три илјади жени нинџи вежбаат во Иран." На крај излезе дека девојките кои вежбаат не тренираат за нинџи, туку ова им е фитнес тренинг.
Целата работа во Иран беше претерано сериозно сфатена, па веднаш по објавувањето на видеото, на сите новинари на Ројтерс им беа одземени новинарските дозволи и беа протерани од земјата. Во Иран остана само Хафези, бидејќи е родена во земјата, додека остатокот од редакцијата работи од Дубаи.
Точките по кои Хафези ќе треба да одговара пред судот се "пропаганда против режимот" и "објавување на лажни информации во обид да се вознемири јавното мислење."