Организатор, судија и генерално газда на овие дебати е Комисијата за претседателски дебати (КПД). Иако звучи како орган на американската администрација, станува збор за непрофитна корпорација.
Тие се луѓето кои одредуваат дека на претседателските дебати може да има само двајца кандидати во просторијата (на изборите за претседател освен Обама и Ромни, ќе има и дузина независни кандидати).
Меѓу условите кои се потребни за да се појавиш на дебатата се:
- да си американски граѓанин и да ги исполнуваш сите други услови за да се кандидираш за претседател.
- да си на доволен гласачки ливчиња во доволен број сојузни држави, за да можеш теоретски да ги освоиш гласовите на мнозинството електори.
и
- мора да можеш да прикажеш поддршка од најмалку 15% од сите гласачи.
Во основа сите овие правила имаат за цел да ги елиминираат независните кандидати од изборите и да им дадат шанса на двата главни кандидати.
Инаку Комисијата е формирана во 1988-ма, откако Лигата на женски гласачи, која до тогаш беше одговорна за дебатите, одбива да ја одржи дебатата на тогашните избори заради тајниот меморандум меѓу Дукакис и Буш за не напаѓање за време на дебатите.
По ова, првите луѓе на Демократската и Републиканската партија ја основаат Комисијата која е управувана токму од поранешните лидери на овие две партии.
Изворите на приходи на корпорацијата преставуваат комплетна непознаница, бидејќи под дејноста по која е регистрирана таа не мора да објавува кои и се донатори. Она што Комисијата го објавува се приходите од реклами од компаниите, кои за донација од 250.000 до 500.000 долари можат да ги распостелат своите банери низ салата и на телевизискиот пренос.
Како спонзори на годинешните дебати, на сајтот на Комисијата се објавени:
- Anheuser-Busch Companies
- The Howard G. Buffet Foundation
- Sheldon S. Cohen, Esq.
- Crowell & Moring LLP
- International Bottled Water Association (IBWA)
- The Kovler Fund
- Southwest Airlines