Goto-gumi организацијата ќе ја плати отштетата од 1,4 милиони долари на семејството на Казуоки Нозаки, кој беше убиен од страна на организацијата во 2006-та. Оригиналната сума што ја бараше семејството беше 2,3 милиони долари, но тие прифатија да ја намалат оштетата откако првиот човек на Goto-gumi, Тадамаса Гото, се согласи да се извини (во Јапонија извинувањето има голема вредност).
Адвокатот на семејството објавил соопштение со деталите на договорот: прво, Гото ја прифатил целата одговорност како шеф на организацијата, за активностите на неговите војници, второ се согласил да му ја исплати сумата на семејството и трето да изрази сочувство на семејството. Гото не морал да признае дека го наредил убиството.
Инаку, промените во Законот за организиран криминал во 2008-ма дозволија шефовите на јакуза организациите да бидат повикани пред граѓански судови на одговорност за делата на нивните потчинети.