Научниците до ова дошле истражувајќи примероци од глечерите на Гренланд, во кои било откриено дека пред 2000 години имало зголемување на емисијата на метан кое траело околу 200 години.
Во студијата објавена во Журналот Nature, научниците од Универзитетот Утрехт објаснуваат дека загадувањето се должи на зголемената употреба на јаглен како основно гориво и палењето на огромни површини со шума за да се направи простор за фарми.