Тројца американски аналитичари сметаат дека вредноста на Епл од сегашните 656 милијарди долари до 16-ти август 2013 ќе успее да ја пробие границата од 1.000 милијарди долари (една акција и чини 700 долари).
Сепак со оваа процена не се согласува Њујорк Тајмс, кој ги пренесува изјавите на аналитичари и инвеститори според кои математиката покажува дека Епл ќе ја мине границата од 1.000 милијарди на 9-ти април 2015.
Според поконзервативните аналитичари, 2015-та е многу поверојатна и покрај рекордната продажба на Ајфон 5.
"Тешко дека Епл ќе може да заработи уште 350 милијарди долари за една година. Тешко е да се замисли дека Епл може да расте уште побрзо од ова," изјавил Мајкл Дрискол, првиот човек на една компанија за анализа на податоци.
Секако тука постои и можноста Епл никогаш да не стигне до 1.000 милијарди долари, слично како Микрософт кој некогаш вредеше 616 милијарди долари.