И покрај тоа што немирите во Фокскон беа вклучени 7.000 лица (2000 работници vs. 5.000 полицајци), сепак целата работа не е воопшто необична за Кина.
Во 2010-та во земјата беше поставен рекорд од 180.000 "масовни инциденти," што е двојно повеќе од 2009-та и за 60.000 повеќе од 2008-ма. Во кинески рамки важноста на протестот беше дополнително девалвирана од анти-јапонските демонстрациите низ целата земја заради спорот со островите.
Иако ова не се први протести во Фокскон, за разлика од претходните овој пат работниците навистина се охрабрени да се борат за своите права.
"Тие се повеќе се решени да ги побараат своите права и да се спротивстават на неправдите," објаснува портпаролот на China Labor Bulletin, Џефри Кротхол.
Она што е карактеристично за работничките протести е дека многу ретко се случува да биде оштетена фабричката опрема или објектот. Просекот е 1 инцидент во 20 протести.
Американска солидарност со работниците: