Канадските власти објавија дека "успеале да прекинат голем синџир за шверцување кашкавал и други млечни производи," во акцијата во која биле уапсени тројца шверцери. Уапсените го шверцувале кашкавалот од САД во Канада и таму го продавале по пицерии и ресторани.
Причина за шверцот е што кашкавалот во САД е и до 3 пати поевтин отколку во Канада. Шверцерите успеале да заработат околу 165.000 долари пред да бидат уапсени. Тие биле пријавени од сопственик на ресторан кој сфатил дека шверцерите му продавале евтин американски кашкавал.
Претходно, во август годинава во Канада беше украден јаворов сируп во вредност од 30 милиони долари. Овој криминал уште не е решен.