Дејвид Хардинг, основачот на Винтон Капитал Менаџмент, викендов на медиумите им ги објави своите даночни пријави, од кои се гледа дека платил данок во износ од 34 милиони фунти (39%) за приходи од 87 милиони фунти во 2011-та.
Приходите на Хардинг се 16,1 милион фунти од плата, што е оданочено со 50% и 71,3 милиони од дивиденди, на што плаќа данок од 40%.
Неговиот хеџ фонд е еден од најголемите во светот, кој минатата година направил продажби во вредност од 350 милиони фунти, од кои оперативен профит му биле 233 милиони.
Како што објаснува Хардинг, целта на објавувањето на платениот данок е да се поттикнат и други со висока стапка на приходи во целост да ги плаќаат своите даноци.