Таг: фунти

Да погледаме човек што многу нема работа, а многу има живци

Дисциплина: составување банкнота од 5 фунти искината до ниво на конфети. Оди па раскажувај му на овој како не можеш да ја составиш сложувалката од 500 парчиња.

Колку се сменија времињата во фудбалот

Најдобриот фудбалер во Премиер лигата во своето време, Денис Бергкамп добил договор од 25.000 фунти неделно и тоа било ударна вест во сите медиуми. Серхио Агуеро и Вејн Руни денес тие пари ги добиваат дневно.

Перч си најде 5 фунти на терен

Освен што заработуваат милиони од своите клубови, фудбалерите почнаа да си наоѓаат пари и на терен. Џејмс Перч од Њукасл за време на натпреварот против Евертон на теренот најде 5 фунти и реши да им ги подари на навивачите, но тие немаа преголема желба да ги примат.

Британецот што си плати данок

Речиси сите британски медиуми, кои професионално, кои со потсмев, ја пренесоа веста за тоа дека човекот што земал најголема плата во Британија во 2011-та, го платил целиот данок на приход до последна фунта. Цели 34 милиони фунти.