За сообраќајните инженери на Сао Паоло, најлош момент да возите автомобил е петок навечер, кога во вонредни услови сообраќајните гужви знаат да бидат и по 295 километри.
Најголемиот бразилски град, со 11 милиони жители, има и радио станица посветена исклучиво на пренесување на состојбата во сообраќајот во градот.
Од комбинацијата на лош сообраќај и неиздржлива гужва, меѓу жителите на Сао Паоло еволуираше и нов вид на "патници" кои автомобилите ги заменија со хеликоптер (изнајмен или личен).
Според сопственикот на Helimart Air Taxi, неговата компанија бележи раст од 10% годишно а ретко кога некој од неговите 16 хеликоптери и приземјен на подолго време.