Што знае даночник што се 100 мил. евра

Добра вест за Италија: дел од Италијанците почна крајно сериозно да си ја сфаќа работата. Лоша вест за Италија: така што најбуквално го сфатија терминот собирање пари од данок.


Првиот човек на Агенцијата за наплата на данок и четворица негови колеги, се уапсени за кражба на 100 милиони евра.

Апсењето доаѓа во време кога Италијанците и онака се бесни за тоа што треба да плаќаат премногу данок и тоа да го плаќаат редовно.

Според финансиската полиција, сопственикот на агенцијата ги трошел парите на "приватни авиони, јахти, скапи автомобили, луксузни одмори, забави и концерти."

5 октомври 2012 - 09:10