Свет

Исчезнатите 43-ца

На 26-ти септември група мексикански студенти патувајќи кон протест во градот Игуала се пресратнати од полицијата. Во престојниот судир, 6 студенти фатално се ранети, а 43 се киднапирани. Се стравува дека сите 43 студенти сега се мртви.

Зошто британското кралско семејство одбива да го посети Израел?

Проблемот го разлага Елиот Абрамс, сегашен член на Советот за надворешни односи (независна и непартиска организација), а поранешен дипломат кој служи на различни позиции за време на Реган и Буш (првиот) и е еден од главните ликови во аферата Иран-Контра.

Приказната на полицаецот Дарен Вилсон

Полицаецот што на 9-ти август го застрела 18-годишниот Мајкл Браун, се до неделава немаше дадено никаква изјава за инцидентот. Во понеделникот, беше објавена неговата верзија на настанот. Коментарот на приказната е "... ова е неверојатно. Мислам, во буквална смисла на терминот: 'тешка и невозможна за верување.'"

Што подразбираат Кинезите под демократија?

Во Австралија, кинескиот претседател неодамна изјави дека земјата има цел до средината на овој век стане "модерна социјалистичка држава која е просперитетна, демократска, културно напредна и хармонична." На австралискиот премиер не му се верува што слуша, конкретно околу делот "демократска." Магазинот Економист објаснува како Кинезите го сфаќаат зборот.

Кога белци прават нереди за глупости

Иако белата страна на Америка од чиста политичка коректност генерално се прави дека го разбира гневот на црнците во Фергусон и околу Фергусон, главниот издувен вентил за нивното незадоволство е - аман не бидете дивјаци и да кршите кај што ќе стигнете.

Сони раскина со ФИФА

Официјално причината е заради преструктуирање на трошоците, неофицијално е заради целата драма што се развива околу претстојните два Мундијала и начинот на кој е доделена нивната организација.

Ангелите на Асад

Исти се како овие на Викторија, само што имаат бради, мускули и најважно воопшто не се исти како тие на Викторија, ама исто како нив сакаат да позираат и да се сликаат дотерани и средени. Инаку, од страна изгледаат како да не можат да се решат дали сакаат да бидат прототип за "bear porn" или да се пријават на аудиција за бој-бенд.

Зошто полицаецот од Фергусон никогаш нема да биде осуден

Фергусон се смири по основа "да оставиме судот да ги реши работите." Поротата вчера одлучи дека не треба да се подигнува судска постапка против полицаецот Дарен Вилсон за убиството на Мајкл Браун. Од ноќеска Фергусон повторно гори. Според новинарот на Слејт јасно е дека Вилсон никогаш нема да лежи затвор, "ама па ако ништо друго, подигнување обвинение против него ќе покажеше дека животот на Браун значел нешто."

Ирваси во служба на полиција

Затоа што ретко кој се снаоѓа во тундрата подобро од ирвасите, Русите решија да направат полициски одред со ирваси што ќе патролираат низ северот на тундрата.

Дали Украина ќе се реши со двобој

Лидерот на отцепениот Луханск го повика украинскиот претседател на двобој. Баш како во времето на Пушкин, да се најдат в зори а му остави и да бира оружје. Има и модерен апдејт: не му пречи да дојдат и телевизии.

Јужна Кореја ќе собира 500 милијарди долари за обединување

Планот е парите да се соберат од јавниот сектор, без кревање на даноците, а ќе бидат искористени за да и помогнат на Северна Кореја за да се подготви за обединувањето.

Вистината за девојката што се бори против ИСИС

Прв пат ја споменува еден шведски новинар во август додека е сместен во Кобане, пред битките со ИСИС. Ја викаат Рехана, иако ова веројатно не е нејзиното родено име. Прекарот и е Ангелот од Кобане, затоа што наводно во битката за градот убила 100 борци на ИСИС. Од ИСИС на два пати ја прогласуваа за мртва.

НАТО крај булките

Сите овие 12 години минати во Авганистан еден од главните столбови на НАТО во стратегијата против Талибанците, беше уништување на трговијата со дрога и одгледувањето афион. Во 2014-та опиум економијата на земјата и трговијата со дрога постигнаа историски рекорд.

Како изгледа да избегаш од Северна Кореја

Просечниот севернокореец знае дека ситуацијата во Северна Кореја е не е добра. Споредено со времето на јапонскиот колонијализам и Корејската војна, работите сега се полоши. Еден пример што ми текнува е дека во времето на јапонскиот колонијализам севернокорејците ја јадеа кората од боровите, сега веќе ни тоа го нема за јадење.

Кругот на Путин

Во март, САД ја ставаат Банка Русија на списокот за санкции. Инспирирани од ова Русите прво трансакциите од пазарот за струја ги префрлија да одат преку оваа банка (околу 2% БДП-то), а потоа истото го направија повеќе државни корпорации, локални власти, па дури и Црноморската флота во Крим. Русите намерно префрлија дузина вносни сметки во малата банка, ама и Американците не ја одбраа случајно баш неа.

Што значи заколнувањето пред ИСИС

Во понеделникот, една од најсмртоносните милитантни групи на Египет, Ансар Беит ал-Макдис, вети послушност на глобалниот господар на теророт. Ова е најголемата, ама не и прва терористичка група која се подаде пред ИСИС.

Ова не е каталог за иселување

Во конкуренција на 142 држави Норвешка е најпросперитетна нација на светот. Ова на Норвешка и е шеста година по ред како таква. Ние сме 69-ти, Белизе е 58-мо.

Кју Клукс Клан со поделена личност

Организацијата за промоција на бела супериорност преку убивање, палење и бесење црнци, Евреи, гејови, латиноси и се останато што не е супериорно бело, одлучи да се ребрендира со цел "новиот клан" да може да привлече повеќе членови посебно црнци, Евреи, гејови, латиноси и се останато што не е супериорно бело.

О, како е добро да си Блер

Саудиското кралско семејство на Блер му исплаќало 52.000 евра месечно и 2% од вредноста на секој договор што Кинезите ќе го потпишат за трошење саудиска нафта. Соработката на Блер со Саудијците е во времето кога тој е мировен пратеник за Средниот Исток.

Телохранителот на Ким Јонг Ил

Со глава низ куп плочки, кршење гранитна плоча на гради со чекан, кршење сијалици со еден прст, се дел од квалификациите што треба да ги минеш за да ја добиеш најголемата чест во твоето постоење - да го штитиш животот на врховниот лидер, објаснува за СиЕнЕн поранешниот телохранител на Јонг Ил.

Зошто не ги убијат командантите на ИСИС?

Американците до сега имаат извршено 800 воздушни напади против ИСИС, во кои имаат уништено сè од командни центри, до рафинерии, оклопни возила, бункери и ниту еден убиен водач на терористичката организација.

Спинот е мртов

Како уметност, спинот комплетно е издишан, претерано искористен и мртов. Тој е пародија на самиот себе. Евтина комедија. Кич. Со години како што двете страни се оддалечуваат и се повеќе влечат на своја страна, така и целата пракса се движи кон спинсурдност (спин + апсурдност), пишува магазинот Политико по општите избори во САД.

Човекот кој го уби Осама бин Ладен

Има извршено над 400 борбени мисии, убиено над 30 мети и еден од најодликуваните членови на СЕАЛ на сите времиња, се вика Роб О'Нил и е човекот што во Аботобад со три истрели во чело го елиминираше лидерот на ал Каеда, објавува Дејли Меил.

100 години долг

Прва масовна и заради одредени одлуки една од најскапите војни (Германија да им плаќа репарација на победниците), во 2014-та, 100 години по почетокот, Британија уште го отплаќа својот долг од учеството во Првата светска војна.