Се работи за делови од Јамало-Ненецки автономниот округ во северо-западен Сибир, кој е достапен само со помош на ирваси. Во изјава за Гардијан тамошната полиција објаснува дека имаат проблем да најдат вработени за локалните полициски станици, а уште потешко им е да фатат некој од локалните криминалци кои постојано им бегаат со помош на своите ирваси. Полицијата моментално користи моторни санки, ама проблемот со нив е што се расипуваат и може да им снема бензин. За разлика од нив ирвасите се далеку повеќе адаптирани за навигирање на замрзнатото земјиште.
"Секако дека имаме моторни санки, ама никој не разбира дека машина е машина. Моторна санка може да се расипе и да заглави во тундрата, а ирвасот ќе трча во секое време," објаснила за руска Известја, Ирина Пимкина од регионалното министерство за внатрешни работи.
Според Москва Тајмс најголемиот дел од кривичните дела што се случиле во регионот во 2014-та биле тепачки на пијано, кражби и хулиганизам (127 од 163). Според нив, полицијата почнала да бара ирваси уште од 2012-та, а имаат и план (за друг регион) за нарачка на полициски камили.