Во финансискиот план за обединувањето на Југот и Северот, Комисијата за финансиски сервиси, процени дека ќе бидат потребни 500 милијарди долари за да се крене севернокорејскиот БДП по глава на жител од 1.251 долар на 10.000 долари.
Кревањето треба да се случи во период од 20 години по можното обединување на двете страни. На овие пари се предвидени и дополнителни 175 милијарди долари што ќе се потрошат на инфраструктура и индустриски развој.
60% од трошоците би опаднале на државните агенции кои ќе треба да водат проекти за развој во Северна Кореја, а остатокот ќе биде од меѓународна помош за развој и приватни и јавни инвестиции.
Крајот на 2013-та БДП-то на Северна Кореја изнесуваше 31 милијарда долари, што е еднакво на нивото на БДП-то на Јужна Кореја од 1971-ва (или само 2% од БДП-то од 2013-та).
Југот 2013-та ја завршува со 42,5 пати поголем БДП отколку Северот, ова е речиси 10 пати повеќе отколку разликата меѓу Западна и Источна Германија пред обединувањето во 1990-та.