За парите што ги добивал, Блер, поточно неговата консултантска компанија, требало на Саудијците да им овозможи пристап до високите кинески функционери со кои соработувал уште од времето кога бил премиер.
Нафтената компанија која го плаќала Блер, ПетроСауди, е основана од саудискиот бизнисмен Тарек Обаид и принцот Турки бин Абдула ал Сауд.
Претходно повеќе критичари го обвинуваа Блер дека заради бизнис врските тој не е прикладен да биде мировен пратеник за Средниот Исток, каде што ги застапува интересите на ОН, ЕУ, САД и Русија.
Цело ова време Блер ги отфрла процените дека вреди речиси 130 милиони евра. Наспроти ова се документите според кои Блер од напуштањето на премиерската позиција има насобрано 31 стан или куќи, кои заедно вредат најмалку 32 милиони евра. Тој е еден од најскапо платените говорници на светот, со 190.000 евра за говор. Блер посебно беше критикуван и за тоа што го советувал претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбајев, како да го менаџира својот имиџ по убиството на 14 невооружени цивили.
Некои од основите по кои Блер заработува пари: