Прв пат за оваа пракса Абрамс пишува во февруари годинава, кога Принцот Чарлс ја посетува Саудиска Арабија. Тој тогаш објаснува дека Кралицата никогаш не го посетила Израел, а Принцот Чарлс бил само за време на погребот на Јицак Рабин.
Наспроти ова тој открива дека само во ноември 2014-та, принцот Ендру и принцот Хари го посетуваат Абу Даби (за време на Гранд При викендот). По ова принцот Ендру оди во посета и на Саудиска Арабија.
Принцот Хари исто така оди во посета на Оман, кој беше посетен од Принцот Чарлс во 2013-та и од Кралицата во 2010-та. (Тука Абрамс прави споредба меѓу Оман и Израел - 3 милиони наспроти 8 милиони жители; 80 милијарди наспроти 300 милијарди долари БДП.)
"Има само 3 логични објаснувања. Првото е дека британското кралско семејство сака да посетува само други кралски семејства, а не и републики. Ама принцот Чарлс повеќе пати бил во посета на Египет, па теоријава не држи. Второто можно објаснување е стравот - стравот дека каква било посета на Израел би и наштетила на Британија, на пример ако арапските земји одлучат да ја прекинат трговијата со нив.
Ова е смешно.
Принцот Чарлс минатата година беше во посета на Јордан и лесно можеше со хеликоптер да оди на еден ден во Израел. И принцовите Ендру или Хари можеа да застанат додека беа низ Средниот Исток. Ако се има предвид сегашната премолчена алијанса меѓу Израел и заливските монархии против Иран и ИСИС, веројатноста дека таква посета би и наштетило на Британија е многу мала. Третото можно објаснување за постојаното одбивање на британското кралско семејство да стапне во Израел е дека или тие или Форин Офисот има длабоко и постојано непријателство кон еврејската држава.
Вие изберете," пишува Абрамс во текстот за Советот за надворешни односи.