Новите членови ќе може да бидат од која било од овие групи, ама ќе мора да ги носат белите наметки, маски и качулки, плус за зачленување ќе мора да живеат на Пацифичкиот северо-запад на САД и да имаат најмалку 18 години. Според бројките објавени во 2012-та, ККК има меѓу 5 и 8 илјади членови.
Објаснувањето на целото лудило го дава Џон Абар, поранешен член и организатор на ККК, инаку главен во ребрендирањето. Според него "ККК се залага за силна Америка. Белата супериорност е од стариот Клан. Ова е новиот Клан." Во некаков знак на помирување, тој се зачленил и во Националната асоцијација за напредување на обоените луѓе, што е чудно и на нивните членови.
Освен поранешните душмани, и на поранешните колеги на Абар не им се верува неговото однесување. На актуелниот Голем Волшебник на ККК комплетно не му е јасно што прави Абар, изјавувајќи "Човеков оди наспроти се' што вели уставот н ККК. Тој се обидува да се крие зад ККК за да напредува во политичката кариера."