Таг: кју клукс клан

Можен ли е дијалог?

Според еден црнец кој се дружи со Кју Клукс Клан - апсолутно да. Дечкото успеал од расизам да одврати повеќе членови на Кланот од "фотељашките либерали" на кои полесно им е да практикуваат 'preaching to the choir', т.е. држење говори и убедувања на оние кои веќе се убедени. А тоа, по некое време (и таму и овде), тажно се претвора во circle jerk. 

Кју Клукс Клан со поделена личност

Организацијата за промоција на бела супериорност преку убивање, палење и бесење црнци, Евреи, гејови, латиноси и се останато што не е супериорно бело, одлучи да се ребрендира со цел "новиот клан" да може да привлече повеќе членови посебно црнци, Евреи, гејови, латиноси и се останато што не е супериорно бело.