Свет

Мито претешко за пребројување

Откако го апсат заменик директорот на Националната управа за енергетика (на Кина), властите почнуваат да му пребројуваат колку мито во готовина заплениле кај него дома. До крај на пописот им се расипуваат 4 машини за броење пари.

Никого не го интересира Либија

Поранешните сојузници на Западот и луѓето кои ја спасуваа Либија од Гадафи, ја внесоа земјата во комплетен хаос за кој сега никој во светов не е ни најмалку заинтересиран, порачува Амнести интернешнл.

Белорусија ќе ги казнува невработените

На портите на Аушвиц стоеше дека работата го ослободува човекот. Лукашенко нема против, само би додал: И обратно.

Зошто во Латинска Америка е забрането да не се гласа

Викендов и Уругвај и Бразил одржуваа избори (кај првите ќе има втор круг, кај вторите Вилма доби втор мандат) за кои заедничко е што секој граѓанин мораше да излезе на гласање. Освен овие две, во Латинска Америка има уште 11 држави во кои гласањето е задолжително (во свет се вкупно 30).

Кабинетот на стравови и ужаси на Шинзо Абе

Што е заедничко за нео-Нацисти, расисти, некромансери, негатори на историјата, лоши сметководители, и садо-мазо фанови? Шинзо Абе, нивниот шеф.

Eвропскиот парламент е циркус

За маскарадата наречена избор на ЕУ комесари.

Приказната на возачот што го уби генералниот на Тотал

Целата работа звучи како почеток на шпионски трилер - ЦЕО-то на Тотал загинува при заминување од Москва, каде што бил на состанок со Медведев во неговата дача, и каде разговарале за инвестиции и случувањата во Украина. Сведоштвото на одговорниот за несреќата воопшто не го менува почетниот впечаток.

Канада во време на трагедија

Прво вооружен напаѓач убива невооружен канадски војник на стража пред Националниот меморијал на војната (споменик на сите војни во кои учествува Канада), а потоа влегува во парламентот. Таму е убиен од редарот (sargent at arms) на канадскиот парламент.

Зошто САД не се плаши од мексиканскиот ИСИС?

Западната опсесија со ИСИС повеќе е поттикната од верската нетрпеливост отколку која било вистинска проценка на ризикот или свирепоста на групата, пишува Муса ал Гарби за Ал Џезира.

Државниот удар на Путин

Украина беше за Путин, тоа што Аустерлиц беше за Наполеон, и падот на Париз за Хитлер, моментот кога конечно се' беше централизирано во неговите раце, објаснува поранешниот полски министер за надворешни работи, Радек Сикорски.

Шведска вест на денот

11-годишно дете од Стокхолм во паника се јавува во полиција за да пријави дека некој му упаднал дома. Полицијата инстантно интервенира, стига во домот и гледа дека нема провалник. Потоа продолжува по шведски.

Како да заработиш 8 милиони долари од жолто светло

Градоначалникот на Чикаго има сериозен проблем со јавноста откако одлучи траењето на жолтото светло на семафорот да го намали од 3 на 2,9 секунди. Околу 77.000 луѓе од градот имаат зошто да му се гневат.

Што кога ќе секнат парите од нафтата?

На 20 (моментално) моќни држави половина од владините приходи им зависат од продажбата на нафта, а кај уште 10 овој удел е меѓу 50 и 25 проценти.

Италија се извади на курви и дрога

Од средата Италија повеќе не е во рецесија само затоа што ЕУ започна со новото пресметување на БДП-то, во кое од сега влегуваат и нелегалните економски активности како проституција и наркотици.

Кога покриеното ќе се разоткрие

Австралиски полицаец запира автомобил возен од муслиманка облечена во никаб (она комплетчето, ко кај нинџи). Таа веднаш ја потегнува верската карта и дига медиумска и судска врева обвинувајќи го полицаецот за малтретирање на расна основа. Кармата и враќа со видео - сè е снимено и нема ништо од тоа што го тврди. Добива 6 месеци затвор.

Зошто Пакистанци ја мразат нивната нобеловка?

На ниво на официјални изјави и меинстрим медиуми, Пакистан е горд што нивен човек освои Нобелова награда за мир. Малку подолу, во сивите зони на медиумскиот простор, едно гласно малцинство отворено ја омаловажува 17 годишната Нобеловка сметајќи ја за кукла на Америка.

Исплатена "Алјаскарина" за 2014.

Од 1976-та властите на Алјаска решаваат вишокот пари од нафтата да го поделат со сите жители на државата (со одредени услови). Годинава секој доби по 1.884 долари.

Глобалното село стана кошмар

Пред половина век, овој темин на Маршал Маклуан му вршеше фина работа на западниот човек: му даваше чувство дека е дел од иста фамилија со останатите луѓе на планетава, но, сето тоа од безбедна дистанца. Сега мизеријата на глобалното село му дојде некако преблиску.

Колку пари ќе треба за војна против ИСИС

Крајниот цех на Американците за војната во Ирак беше неколку илјадници милијарди долари. Операциите против ИСИС до сега ги чинеа над 1 милијарда долари, а моментално трошат по 10 милиони долари на ден.

Зошто сите мислат дека нешто сериозно се случува во Северна Кореја

Иако сè на тема Северна Кореја е шпекулација, изминатиот месец сите муабети за земјата се вртат околу иста тема - Ким Јонг Ун е жртва на внатрешен државен удар.

Како ИСИС ги набавува заложниците

За да не ризикува сопствени луѓе Ал Каеда ја имаат аутсорсирано работата и соработуваат со цела мрежа локални банди, кои за пари им киднапираат луѓе што им требаат. За разлика од нив ИСИС најголемиот дел од работата сами ја вршат.

Колку држави ја имаат признаено Палестина

Шведска стана првата членка на ЕУ која објави дека ќе ја признае Палестина. Според Швеѓаните, ништо нема да се реши во регионот додека Палестина не биде признаена.

Топ Гиар протерани од Аргентина (заради Кларксон)

Снимањето Топ Гиар во Аргентина завршило со панично бегање и оставање на автомобилите на сред пат, откако целата екипа била каменувана од поголема група Аргентинци. Причина - Кларксон имал регистрација на тема Фокландска војна.

Ким Јонг Ун повеќе нема контрола врз Северна Кореја

Пребегнати високи дипломати, висок функционер во министерството за безбедност, армиски офицер со висок чин и поранешен клучен член на пропагандната машина на Ким Јонг Ил, во септември беа дел од конференција во Холандија на тема - состојбата на режимот во Северна Кореја. Заклучокот беше: Северна Кореја е сред граѓанска војна.