
Од пад за 0,1%, со дополнување на ставките БДП-то на Италија за првиот квартал се израмни на 0. Сега во пресметката се земаат предвид нелегалните приходи од: курви, наркотици и продажба на цигари и алкохол на црно.
Новиот систем, SEC 2010, ја зема предвид економската активност на земјите и ја прави споредбата меѓу нив, без разлика дали тие ја имаат легализирано проституцијата или наркотиците.
Новата методологија ќе им помогне на Италијанците и за намалување на соодносот меѓу долгот и БДП-то на Италија, што сега изнесува околу 132%, или два пати повеќе од 60% што ЕУ ги дозволува.