По основа на разликата од 0,1 секунда, полицијата има распишано 77.000 казни за минување на црвено светло, секоја казна е по 100 долари, што значи дека се наплатени речиси 8 милиони долари.
Кратењето од 0,1 секунда го откриваат од Чикаго Трибјун, според кој градската администрација го вовела новото правило во февруари кога ја менува компанијата што го снима сообраќајот низ градот. Истрагата покажала дека по барање на градот новата компанија почнала да издава казни и за прекршоците направени на 2,9 секунди.
По откривањето на целата работа, Чикаго го има вратено тајмерот на 3 секунди, ама градоначалникот се уште не решен што ќе прави околу враќањето на парите на погрешно казнетите возачи.