Одлуката на Шведска следува откако во 2012-та, Генералното собрание на О.Н. ја призна сувереноста на Палестина како надворешна членка набљудувач. Унгарија и Полска ја имаат признаено Палестина пред да влезат во ЕУ.
Моментално над 130 (од 195 можни) држави ја признаваат Палестина. Во 1988-ма кога Палестинскиот национален совет унилатерално ја прогласи независноста базирана на решението со две држави, Палестина доби признание од околу 90 држави.
Моментално САД, Западна Европа и дел од Балканот, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија и само уште некои држави ја немаат признаено Палестина. На 13-ти октомври британскиот парламент ќе гласа за признавање на земјата.