На целата подготвеност на Пекинг и комплетната полициска машинерија што им е на низок старт, луѓето никако да стигнат да покажат се што знаат на тема смирување протести и покрај тоа што пола Хонгконг е излезен на улица.
Откако победи во Студената војна, на Америка и светна дека сега ќе треба и да се грижи за целиот овој свет. По неполни две децении пробување да ги пофаќаат конците, Американците кренаа раце. По ова останува вакуум што го користи секој од ИСИС до Русија и Кина.
Кога луѓето во Хонгконг излегоа на протест, како што е редот за овој период од годината тие со себе земаа и чадори. Сред протест чадорот им се најде и како заштита од солзавец. Па сега протестите се преплавени со чадори.
Најновата забрана доаѓа директно од украинското министерство за внатрешни работи, од каде бараат барем за време на предизборна кампања луѓето да бидат малку цивилизирани и да престанат да ги фрлаат политичарите во ѓубре.
120 муслимански учители и научници од целиот свет се обединија и напишаа писмо на 18 страни до "борците и следбениците" на ИСИС, во кое со најмуслимански термини им објаснија дека тоа што тие го прават нема врска со Исламот.
Откако Курдите почнаа да ги фаќаат џихадистите на фора со регрутирање жени војници, сега истото почнаа да го прави и коалицијата што го бомбардира ИСИС - жени пилоти на воени авиони.
Сирија е седмата држава која САД ја бомбардира по пресвртниот 11-ти септември. За првпат, Американците немаат релевантна сила на теренот која треба да ја помогнат, туку се надеваат дека бомбите ќе го создадат нивниот сојузник.
За Франција веќе не постои ни ИСИС, ни ИС, ни ИСИЛ. Им најдоа ново име - Даеш. Ова џихадистите го дочекаа со иста толерантност како и за сè до сега - кој го изговори ова име, му го сечеме јазикот.
Вработена во приватна болница во Мерсин, град на медитеранскиот брег на Турција, испрати писмо до полицијата и парламентот со тема - смачено ми е да лекувам ранети терористи од ИСИС.
Германска фирма за истраги е контактирана од лица кои се заинтересирани за детали околу соборувањето на авионот над Украина. За информацијата даваат 30 милиони долари. (САД за бин-Ладен даваше 25.)
Групата има приходи од нафта, има армија и оружје, организација и хиерархија, има контрола на огромни делови од Сирија и Ирак, а сега сака да и биде признаена и државноста.
Избирајќи дали да одат по патот на некои новокомпонирани искуства (како нашиве локални) кога луѓе навиваат и го подржуваат екстремизмот, или ќе ги почитуваат начелата за мир и соживот на својата вера (како што беше во Норвешка), германските муслимани се решија на ова второто. Во петок во 2.000 германски градови муслиманите ќе излезат да протестираат против екстремизмот, ИСИС и таквото толкување на Исламот.
Запленет од умерени сириски бунтовници, преку локални посредници во Турција, магазинот Форин Полиси стига до лаптопот на Тунижанецот Мухамед С., поранешен фан на Селин Дион, сега посветен на џихад и масовно труење луѓе.
Во изминатиот четвртина век секој американски претседател излегол на телевизија во најгледаниот термин за да и каже на нацијата и на светот дека ќе го бомбардира Ирак. Вчера редот беше на Обама.
Во извештајот на Конгресната истрага за 11-ти септември недостасуваат 28 страни, кои оригинално ги имаше меѓутоа во 2002-ра по нарачка на Џорџ Буш беа отстранети и ставени во посебен таен документ, под објаснување дека тие содржат информации што ќе ги нарушат тајните операции на САД.
Неделава Боинг објави нови бројки за она што го очекува од Кина до 2033-та и тие се поголеми отколку предвидувањата пред една година. По нив на Кинезите ќе им требаат авиони во вредност од 870 милијарди долари.
На интернет се појавија неколку клипови на тема ИСИС со видео и продукциски квалитет на ниво на средношколска "wanna be" терористичка група. И покрај првиот впечаток зад целата работи стои една од најмоќните институции на светот - Стејт департманот на САД.
Доколку Кремљ и Путин ја водат својата политика врз основа на гледиштата на нобеловецот Александар Солжењицин, тогаш источна Украина е само првиот чекор во создавање нова, поголема Русија.
Сендвичара во Мунсу аква паркот во Пјонгјанг. Цена на Хамбургер 10.000 вонови, што во наши пари е некаде околу 76 долари, во нивни пари околу 4 просечни плати.
На човек кој што 20 и кусур години никој за ништо не го предизвикал, природно му доаѓа да ја ангажира полицијата за дете кое се осудило да го спомне во глобално популарна (и крајно не навредлива) кампања.