Минатата година Светската програма за храна процени дека само 16% од домаќинствата во земјата имаат "прифатливо ниво на внесување храна," а процените се дека просечната северно-корејска исхрана е 30% под препорачаните 2.100 калории на ден.
Наспроти ова низ Пјонгјанг мобилните се редовна појава и покрај тоа што најевтините модели се продаваат за 200 долари. Смартфоните се од домашно производство од брендот Ариранг.
Во градот преовладуваат автомобили од домашниот бренд Пјеонгва кој произведува по лиценца од кинески компании. Новинарот на Фајненшл тајмс објаснува дека во градот воопшто не се ретки и јапонски автомобили, помалите модели на Фолксваген, постари Мерцедеси, а видел и дузина најнови БМВ-а серија 7, со цивилни таблици.
"Сепак споредбата на владините амбиции со економските проблеми на земјата има голема неусогласеност. Ова може да се види од Сон Мјонг Џун, кој со своите соученици од далечната провинција Северен Хамгјонг е во посета на родното место на првиот лидер на Северна Кореја.
И покрај тоа што е сместен на самата граница со Кина - и преполн со трговци на црно - Северен Хамјонг е домот на некои од најсиромашните луѓе во земјата, а се проценува дека една третина од тамошните деца имаат забавен раст. 15-годишниот Мјонг Џун изгледа е еден од нив: тој ја има височината и стас на многу помладо дете, и како и неколку негови соученици и тој има бели дамки на лицето кои означуваат недостаток на витамини," пишува Сајмон Манди од Пјонгјанг.