Процената е дека до 2033-та, под притисок на растечката средна класа и зголемените инвестиции кинеските авио-компании од Боинг ќе купат дополнителни 6.020 авиони. Кинеската побарувачка се очекува да биде околу 16% од глобалните нарачки на авиони, и 45% од азиските нарачки.
Мнозинството од овие авиони (или околу 4.300 примероци) се од моделот Боинг 737 (варијанти НГ и МАКС ) со две колони седишта, и на нив се очекува да бидат потрошени 430 милијарди долари од вкупната сума. Најмалобројни нарачки би имало за моделите со над 400 седишта. На оваа група се очекува да бидат потрошени околу 20 милијарди долари за 60 авиони.
Моментално над 50% од сите комерцијални авиони во Кина се производство на Боинг.
Севкупно, на глобално ниво во идните 30 години Боинг предвидува дека ќе бидат купени околу 36.770 нови комерцијални авиони, кои ќе вредат околу 5.200 милијарди долари.