30 милиони долари за името на тој што го сруши МХ17

Германска фирма за истраги е контактирана од лица кои се заинтересирани за детали околу соборувањето на авионот над Украина. За информацијата даваат 30 милиони долари. (САД за бин-Ладен даваше 25.)

Во соопштение објавено од компанијата Вифка, се наведува што се ги интересира клиентите:

- Кој го собори авионот на 17-ти јули?
- Кој ја дал наредбата?
- Кој го крие соборувањето?
- Кој може да даде детали за околностите кои довеле до соборувањето?
- Кој е директно вклучен во соборувањето?
- Што се случило со луѓето кои беа вклучени во соборувањето? Што се случи оружјето што го користеа?
- Кој може да ги именува луѓето што го соборија авионот?

Според претставникот на Вифка: "Секој може да биде купен само е прашање на цена." Истиот човек верува дека понудата може да доаѓа од разузнавачка агенција која не сака да се дознае нејзиното име, или од олигарх кој сака да ја открие вмешаноста на Путин во целата работа.

Инаку, Вифка веќе добиле капар од околу 52 илјади долари, и доказ дека 30-те милиони долари се на сметка во швајцарска банка.

18 септември 2014 - 13:04