Се работи за делот од бомбардерите кои доаѓаат од Емиратите, каде најверојатно еден од пилотите е 35-годишната мајор Миријам ал Мансур. Жената дипломираше на воената академија во 2008-ма, и управува со Ф-16. Ал Мансури е прва жена пилот во Емиратите, и моментално командува со една ескадрила Ф-16ки.
Освен Емиратите, од арапските држави во коалицијата учествуваат и Бахреин, Јордан, Саудиска Арабија и Катар. Деновиве тие го бомбардираа позициите на ИСИС во близина на Рака, Алепо и Идлиб.
Инаку, проблемот на ИСИС со жени војници, а од сега посебно со жени што управуваат со авиони претоварени со проектили, е верувањето дека ако те убие жена никогаш нема да завршиш во рајот. Токму рајот е дел од очекуваниот бонус што џихадистите се надеваат дека ги чека ако загинат во борба.
Видео од првото воено крштевање на Ф-22 Раптор. Чест да ја отвори кариерата на најновиот воен авион на Американците ја имаше токму ИСИС: