Англичаните прилично се намачија за да ги убедат Шкотите да не напуштаат, бидејќи вака е подобро. Пред два дена Дејвид Камерон одржа говор во кој скоро и да ги молеше Шкотите да гласаат негативно на референдумот.
До сега речиси 60-на светски држави имаат изгласано или добиено независност од Обединетото кралство. Први ова го прават Американците во 1776-та, па по 140 години во 1916-та истото го прави и Ирска. Најголемиот дел од државите се отцепуваат во периодот меѓу 30-те и 70-те години од 20-от век.
Меѓу поголемите удари на површината на Британија се:
- независноста на Канада во 1931-ва
- независноста на Австралија во 1931-ва
- независноста на Јужна Африка во 1931-ва
- независноста на Индија во 1947-ма
- независноста на Пакистан во 1947-ма
Еве ја мапата: