Како ИСИС ги набавува заложниците

За да не ризикува сопствени луѓе Ал Каеда ја имаат аутсорсирано работата и соработуваат со цела мрежа локални банди, кои за пари им киднапираат луѓе што им требаат. За разлика од нив ИСИС најголемиот дел од работата сами ја вршат.

Кај Ал Каеда, на пример во Јемен, киднапирањето го прават племенски банди, кои немаат никаква врска со тероризам или со организацијата, и за пари го предаваат пленот. Иако тие можат да извадат повеќе пари ако директно го препродадат киднапираниот, овие банди ја немаат потребната инфраструктура или знаење. За разлика од локалците, Ал Каеда има "институционално знаење и инфраструктура за притвор и преместување на заложници, како и позиција за преговарање, што помалите групи ја немаат."

Наспроти нив, ИСИС сосема сами ги бираат жртвите. Спорно е киднапирањето на новинарот Стивен Столоф, кој според одредени сведоштва бил киднапиран од ИСИС, но само откако добиле дојава за неговата локација од бунтовничката група Северна бура (инаку поддржана од САД). За ова на Северна бура наводно и било платено меѓу 25 и 50 илјади долари. Овие тврдења се отфрлени од повеќе страни (Американци / локалци) кои објаснуваат дека Северна Бура никогаш не би соработувала со ИСИС.

Според Муаз Мустафа извршен директор на Syrian Emergency Task Force (група која лобира американска интервенција во Сирија и ја негира соработката на Северната бура), ИСИС никогаш не купува заложници како Ал Каеда.

"ИСИС се бори против речиси сите други групи, и обично ја немаат потребната меѓусебна координација за да се случат овие зделки. ИСИС всушност распоредува тајни тимови, најчесто на локации под контрола на други бунтовнички групи, кои постојано и репортираат на централата и помагаат во спроведувањето на киднапирањата на новинари и слично," објаснува Мустафа.

За други, заинтересираноста на ИСИС за заложници и желбата да бидат клучните играчи во нивното чување и продажбата, ја прави се поверојатна верзијата за нивната соработка со други групи, кога има шанса за тоа.

Се претпоставува дека ИСИС годинава продале 15 западни заложници, од кои мнозинството се Европејци. За американскиот новинар Џим Фолеј, ИСИС бараше 132 милиони долари. Иако најзвучни се западните имиња, најголем број од заложниците на ИСИС доаѓаат од Сирија и Ирак.

7 октомври 2014 - 13:04