Колку пари ќе треба за војна против ИСИС

Крајниот цех на Американците за војната во Ирак беше неколку илјадници милијарди долари. Операциите против ИСИС до сега ги чинеа над 1 милијарда долари, а моментално трошат по 10 милиони долари на ден.

Според Центарот за стратешки и буџетски процени, годишните трошоци за ваквите воени операции би требало да се движат од 4 до 22 милијарди долари, во зависност од траењето и комплексноста на операцијата (комплексност = дали ќе има пешадија на терен).

Во овие пари не се вклучени трошоците за грижа за воените ветерани. Иако трошоците за Заливската војна од 1991-ва, беа однапред платени од Кувајт и Саудиска Арабија, денес САД плаќаат по 4 милијарди долари за грижа за ветераните од оваа војна. За војните во Ирак и Авганистан трошоците за ветераните се очекува да бидат околу 1.000 милијарди долари.

"Уште подраматично е вртењето за 180 степени на политичкото расположение за трошење пари. Пред 12 месеци дојде крајот на културата на 'бескрајни пари' поддржана со 'бескрајно' итно финансирање од Конгресот (вака беа поделени околу 2.000 милијарди долари во 30 закони за специјално финансирање). Пентагон плус предлагаше намалување на големината на вооружените сили, намалување на компензацијата за војниците и нивните бенефити, и затворање на скапите воени инсталации и оружја останати од Студената војна," објаснува Линда Билмс, за Бостон Глоуб.

Влегувањето во војна со ИСИС ќе значи стопирање на сите планови за штедење, и трошење на уште околу 100 милијарди долари на воени активности, само за годинава. Моментално стратегијата на САД за ИСИС е некаде меѓу одбивањето на Обама да прати пешадија во Ирак, и двоумењето на Пентагон дека работата би можела да се реши без "чизми на земја" па дури и тие да не се само Американци.

9 октомври 2014 - 12:34