Откако Малала Јусуфзаи ја подели нобеловата награда со Индијката Кајлаш Сатиарти, официјалните реакции во нејзината земја беа недвосмислено позитивни. Претседателот на државата ја прогласи за гордост на Пакистан, честитки доби од армијата па и од некои политичари кои се блаконаклони во однос на Талибанците.
Но, на другата страна на јавното мислење, Јусуфзаи е само уште еден пион на непријателите на Пакистан а тие се стадардни за секоја прилика - САД, Израел или Индија.
"Таа е обично, бескорисно девојче. Нема ништо посебно кај неа. Таа го продава она што Запад го купува", напиша уредникот на Пакистан Обсервер.
Склоноста да се бараат завери е вообичаена за пакистанската средна класа која е претежно конзервативна, националистичка и сомничава кон сè што доаѓа од Запад. Немуслиманите, странците или пак луѓето кои како Малала добиваат признанија од Запад, се третирани како домашни предавници и петта колона.
Јусуфзаи не е првиот пакистански добитник на Нобелова награда кој е омаловажуван. Во 1979-та година, престижната награда за физика ја доби Абдус Салам кој во својата земја никогаш не беше прифатен како гордост на Пакистан. Единствената негова вина е што Ахмади, една мала муслиманска секта која доминантната религија ја смета за предавник на Исламот.
Вистинскиот непријател на Пакистан не е Америка, Израел, Индија па дури ни талибанците кои ја застрелаа Малала. Не е ни пасивното толерирање на ксенофобијата. Главниот пакистански проблем е негирањето на фактот дека проблемите се раѓаат во нивната земја. Тоа е една речиси патолошка неспособност за себе- проценка", пишува Деили Бист.
А не дека сомничавоста кон Запад некогаш нема покритие: за пакистанскиот доктор кој помогна да биде лоциран и убиен Осама Бин Ладен недовосмилено се утврди дека работел за ЦИА.