Исплатена "Алјаскарина" за 2014.

Од 1976-та властите на Алјаска решаваат вишокот пари од нафтата да го поделат со сите жители на државата (со одредени услови). Годинава секој доби по 1.884 долари.

Предуслов да ги добиваш парите е една година да живееш на Алјаска, на време да ја имаш пополнето соодветната документација и да немаш кривични дела или затворска казна. До сега најмалку пари беа поделени во 1984-та (по 331 долар), а најмногу во 2008-ма (по 2.069 долари). Равенката за пресметување на годишниот чек е компликувана има повеќе фактори, а најважно во предвид ја зема заработката во последните 5 години, па тоа следуваат дополнителни математики.

Како што секоја работа знае да пројде во навика, така жителите на Алјаска веќе не се ни најмалку возбудени околу чековите од државата, "бидејќи се навикнаа секоја година да ги добиваат." Освен да ги собереш парите, државата дава и опција нив директно да ги донираш во некоја добротворна програма.

Алјаска е единствена американска сојузна држава со ваква програма, во која годинава исплати вкупно 1,1 милијарда долари. Слична пракса имаат Норвешка, Алберта (Канада) и Кувајт.

10 октомври 2014 - 15:20