Форин полиси прави анализа во која објаснува дека најголемата закана за производителите на нафта не е потенцијалот таа да им се потроши (или да се потроши природниот гас), туку опасноста дека се ближи денот кога нафтата и гасот повеќе нема да се користат за гориво за автомобилите и за греење на домовите.
Во еден извештај на тема производители на нафта и нивните пари, ММФ предупредува дека овие земји се премногу опуштени во својата економија заради парите од нафтата. Од ова излегуваат два главни проблеми: 1, земјите се ужасно лоши во собирање данок, и 2, не прават ништо за да внесат разновидност во економијата (што треба да биде спасот кога ќе се истроши нафтата или кога нема да биде толку побарувана).
Земји како Чад, Брегот на слоновата коска, Мијанмар и Нигерија, кои сериозно зависат од приходите од нафта, се многу лоши во обезбедување на јавни сервиси со парите што ги собираат. Прогнозата за нив е дека кога ќе им секнат парите од нафта, тие комплетно ќе колабираат.
Од Форин полиси ги даваат бројките на Светската банка од 1983-та до 2012-та, според кои ниту една држава која над 20% од БДП-то го добивала од нафта и гас, не успеала да ја намали својата зависност од овие пари. Единствена разлика меѓу производителите е што дел од нив (претежно арапските држави) со тек на време успеваат да направаат огромни резервни фондови за црни денови, додека другите (претежно африканските држави) ги имаат распискано парите.