Во 1962 година се уште постоеше надеж. Тоа беше година кога визионерот на комуникациските теории Маршал Маклуан процени дека заради општата поврзаност, светот станува глобално село.
Терминот наголемо стана кич метафора за потсетување дека ние луѓето сме дел од едно големо семејство. Постојат и книги за деца во кои светот и буквално е претставен како едно село: од 100 луѓе во него, 69 се Азијати, 14 Хиндуси, 17 се неписмени а 21 се дебели...
Концептот на село ни годеше, пишува автор на германскиот Die Welte. Ни даваше чувство за дома. Ни овозможување да ги идентификуваме проблемите како што е гладта или недостатокот на вода, без тие проблеми да нè преплават. Нам, на жителите од привилегираниот Север ни даваше шанса да бидеме емпатични.
Но, сега забавата заврши, пишува Петер Прахл.
Мизеријата на селото дојде преблиску до нас: во нашите домови гледаме видеа како на луѓе им сечат глави. Ножевите со кои тоа го прават можеби се локални, но сè останато - камерите, камионите, оружјето па дури и новите регрути на џихадот - доаѓаат од нашиот дел на селото. Фактите како што е ИСИС или еболата се шокантни факти од заедничкото село.
Можеби е време за малку културен империјализам, проценува авторот. Наречете го тоа хуманитарна интервенција ако сакате, вели тој. Но, сега најважно е времето. Сега треба да се спасува селото а не само нашата половина од градот во која што живееме. Нешто мора да се стори за Африканците кои умираат од ебола или пак за оние кои имаат таков ксмет да живеат онаму каде што ИСИС веќе започна да ги имплементира своите урбанистички планови за глобалното село.