Индексот на просперитет ги мери државите по основа на 89 различни економски варијабли во кои влегуваат мерки како успешност на индустријата, образование, здравје, слобода, можности и капитал на општеството.
Од првите 30 држави, речиси 20 се европски, а Топ 10 супериорноста на Европа ја нарушуваат Нов Зеланд кој е на 3-то место, Канада на 5-то и САД на 10-то.
Чисто статистички, највисоко пласирана од "нашите" е Словенија, која е 24-та по просперитет, а на прва некако изненадува Уругвај, кој никој не го очекува во топ 30 (иако на 30-то место). На пример Италија е на 37-мо.
Македонија е прилично стабилна во овој извештај (без разлика колку тоа не е добро), па во последниве 5 години постојано е некаде околу 70-то место, со тоа што годинава го имаме најдобриот пласман на 69-то. Најбетер сме биле лани на 79-то.
Македонија по бројки: 61,4% веруваат дека е раширена корупцијата во државата, а 83,5% сметаат дека можат да се потпрат на други кога тоа е потребно. 65,9% од Македонците сметаат дека Македонија е одлично место за имигранти. Најдобар перформанс имаме во колоната здравје, по кое сме 52-ри на листата. Најлошо е кај економијата - 110-ти. Една ставка од Економија - просекот на големината на македонскиот пазар е 5.123 долари, наспроти светскиот просек од 306.233 долари.(Математиката е - вредноста на домашната потрошувачка плус извозот на земјата, минус увозот).