Новоизбраниот лидер на она што се нарекува Народна Република Луханск, јавно го повика неговиот украински колега Петро Порошенко да ги решат недоразбирањата околу иднината на Украина на двобој, традиционален начин за решавање спорови, мада нешто напуштен уште од 19-от век.
На избори кои Запад ги оцени како фарсични, Игор Плотницки месецов беше избран за претседател на Луханск, област која заедно со со Донетск се отцепија од Украина во април оваа година откако дво-месечните протести го присилија Јанукович да ја напушти земјата.
Тој великодушно му остави на актуелниот украински претседател да го избере оружјето на дуелот, прецизирајќи дека секој од нив двајца ќе може со себе да донесе до десет сведоци на пресметката.
Истовремено, покажа сенс и за риалити програма па рече дека не би му пречело и телевизиите да го овековечат нивниот двобој.
Порошенко уште нема одговорено дали го прифаќа двобојот.