Свет

Треба ли Америка да ја вооружува Украина?

Во една од првите сцени во репортажата руски бунтовник истрелува еден куршум од Клашников во метална плоча од панцир на украински војник. Го пробива како да е алуминиумска фолија.

Зошто џихадистите се плашат од Тунис

Најголема закана за радикалните исламисти се муслимани кои веруваат во демократија, пишува Ле Монд во едиторијалот по бомбашките напади во Тунис.

Објавен извештајот што ја започна војната во Ирак

Пред 13 години американските разузнавачки служби изработуваат таен документ од 93-страници кој се користи за оправдување на инвазијата на Ирак на која и недостасуваа "специфични информации" за "многу клучни аспекти" на програмата на Садам за оружје за масовно уништување. ЦИА го декласификуваше документот.

180 степени +180 степени = 0 степени

Нетанјаху ја нуди опцијата и Палестинците да имаат држава. На анкети губи дебело. Два дена пред избори врти лист и вика: "Нема за нив држава дур сум јас премиер". Добива избори! На првото интервју по изборите го враќа листот назад.

Зошто на Русите им е лесно да веруваат дека Чеченец го убил Немцов

Неофицијалниот назив е "чеченско судење" и во него руските обвинители изненадувачки лесно можат да ја постават следната логиката: во која било руска политичка криза, идентификувај го инцидентот, изолирај го инцидентот, и обвини ги Чечените.

Обама: Ние сме виновни за ИД

Создавањето на Исламската држава е "ненамерна последица" на одлуката на Буш од 2003-та за инвазија на Ирак, изјави Обама во интервјуто за Вајс.

Украинците се жртви на американската "Студена војна 2.0"

По четири часовно приватно интервју со соборениот и пребегнат украински претседател Виктор Јанукович, на американскиот режисер му станало јасно дека кризата во Украина има отпечатоци на ЦИА и УСАИД.

Секс, дрога и атомски тајни

Чавез му помага на Иран да се поврзе со клучни луѓе од Аргентина, кои во замена за (многу) пари треба да им решат некои глобални проблеми на властите во Техеран, тврдат во интервју за бразилскиот магазин Вежа тројца поранешни функционери од Венецуела.

"Ангелот на смртта" во битката со ИД

Моментално ИД се обидува да го одбрани Тикрит и да ја спречи ирачката армија и паравоените милиции поддржани од Иран да го освојат градот. Меѓу ослободителите е и еден универзитетски предавач со секира.

Теориите за Путин

Во 15-те години владеење се нема случено Путин повеќе од 1 ден да не е виден во јавност. Сега никој го нема видено од 5-ти март (а паниката почна уште пред два дена). Плус, вчера Кремљ им соопшти на новинарите викендов да очекуваат важно соопштение.

Википедија ќе ги тужи САД за прислушување

По основа на прекршување на Првиот амандман (за слобода на говор) и четвртиот амандман (кој штити од незаконски претрес), Викимедија фондацијата ќе поднесе тужба против НСА и Департманот за Правда на САД за целото прислушување што се случи во земјата.

Нарко-босот што падна заради торта

Во петокот Мексиканците го имаат најзначајното апсење во изминатата година кога успеваат да го приведат босот на Темплари картелот, во 3 часот наутро во сендвичара. На апсењето, босот Сервандо Гомез Мартинез беше помирен со себе, "уапсен сум затоа што сум криминалец, затоа што водам банда идиоти."

Инспектор од кинеските

Го именува новиот кинески претседател Кси Џинпинг, и до сега од партија со 87 милиони членови има уапсено околу 100.000 корумпирани функционери. Човекот се вика Ванг Куишан и е претседател на анти-корупциска.

Зошто Нобеловиот комитет го набрка Јагланд?

Иако нобеловата награда за мир е девалвирана уште кога ја доби злотворот Хенри Кисинџер, комитетот за првпат мораше да ја плати цената, деградирајќи го досегашниот претседавач. За смената постоеа и американски и европски причини, но, се чини дека Јагланд е сменет заради мир со Кинезите.

УМС на данска десница

Разликата меѓу данските и не данските конзервативци е што моменталниот лидер на нивната Конзервативна партија е отворено геј. Исто така разликата е и во Никита Клаеструп, една од функционерките во младинската организација. Клаеструп е во црно.

ЕУ: Иднина vs. раат сегашност

Моментално за Европа политички е полесно да продолжи да им позајмува пари на државите загубари со многу ниски камати, бидејќи така не мора да признае никаков пораз. "Во војнички жаргон ова би било еквивалент на: aко доволно често го обновуваш прекинот на огнот, на крај ќе завршиш со мир," пишува колумнистот на Фајненшл Тајмс, Волфган Минхау.

Ахиловата пета на американската армија

Американците се свесни за сопствената аура на непобедливост и дека нивите главни конкуренти за глобална доминација не можат ниту да им се приближат, а не па да претставуваат некаква сериозна закана за позицијата. Човеков ги потсетува дека во слична позиција и со слична аура била и француската армија пред почетокот на Втората светска војна.

Црни пари за туѓи бели БДП-а

По барање на Унијата, Италија мораше да се пресмета колку проституцијата и наркотиците влијаат врз економската стабилност на земјата. Сега незгодно им е да се пофалат со резултатите.

Каде згреши Рим?

Во блицкригот низ Рим , ултрасите на Феенорд уринираа на Шпанските скали, сериозно ја оштетија фонтаната Баркача (неодамна реновирана со донација од 200.000 евра од Булгари), кршеа излози од продавници, уништија 15 градски автобуси и поголем број автомобили и веспи.

Се издава: село

Во понудата влегуваат селото, сосе коњи, крави и слични говеда, и автобуска станица. 18-те жители никој не ги поседува, ама остануваат да живеат во селото. Почетната цена е 700 евра на ден.

Зошто и се приклучив на ИД

Американска новинарка со либанско потекло разговара со членови на ИД, околу нивната матична организација за ширење правда низ светот.

Како да ослободиш некого што не сака да биде ослободен?

Летоска ИД во запрепастувачки напад во рок од 4 дена го освоија Мосул. Осум месеци подоцна ирачката армија и Американците, најавуваат дека ќе го вратат градот. За сега се знае дека контра-офанзивата ќе се случи април или мај и во неа ќе учествуваат околу 25.000 војници.

Мугабе, роденденски

Денес (сабота) му е 91-от роденден на врховниот лидер, главниот командант во вооружените сили и претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе. Забавата ќе се одржи следниот викенд. Буџетот за настанот е околу 1 милион долари, а најголемиот дел е собран од народот (не по воља на народот).

Завршната сметка на Нетанјаху

Како премиер има потрошено 24.000 долари за една година на храна за носење. Овие 66 долари на ден ги потрошил и покрај тоа што во резиденцијата има личен готвач. Бројките се од извештајот на државниот ревизор. Цела држава е на нозе заради ова.