Свет

Другари, ЕУ е 28 држави, не две

Ришард Легутко, европарламентарец од полската партија за Право и праведност, на една неодамнешна седница здружно посетена од Меркел и Оланд им го посвети својот говор на лидерите на двете најголеми држави во Унијата.

Париз против конференцијата во Париз

Еден поинаков пристап на преговорите во Париз за спасување на човештвото тргнува од тоа: какви се шансите за средување на климатските промени кога очајничкиот последен обид да се направи нешто е спонзориран од енергетски компании и авио-превозници?

Соединетите Европски Држави

Пред потенцијалното излегување на Британија од ЕУ, кое би се одлучило по референдум во 2017-та, британски Телеграф ја пренесува помалку познатата приказна за формирањето на Унијата и кој е крив за тоа, "гласачите на британскиот референдум мора да разберат дека од прв ден Европската Унија е обид за изградба на федерална супердржава."

Мексико проговара

ИСИС од сред истокот, во едно свое видео му се заканува на Мексико од сред Америка, за тоа што учествувал во коалицијата против нив, оддалеченост и културолошка некомпатибилност која Мексиканците крајно шармантно ја искористија.

Економската цена на стравот

Без разлика на комплетната разорност и трагичност, француски Ехо проценува дека нападите од 13-ти ноември, најверојатно ќе имаат пократкотраен ефект отколку што се мислеше.

Непријателот на мојот непријател е Курд

Редовниот пакет на економски санкции и влошување на дипломатските односи кој и следуваше на Турција по соборување на рускиот воен авион, Русија го надополни со создавање нови пријателства на теренот во Сирија.

Саудијците ќе тужат твитерџија за да покажат дека не се исти како ИСИС

Со најискрено неверување дека некој можел да помисли такво нешто, саудиското министерство за правда планира да го тужи твитерџијата кој ја спореди петочната смртната казна за палестинскиот поет со казните кои ги издава ИСИС.

Врати широко подзатворени

"Едноставно не може," е пораката со која шведскиот премиер објави дека земјата го укинува ол-инклузив режимот за бегалците и неограничените гратиси за влез во земјата. Од сега, и Шведска ќе работи само на ЕУ минимумот.

Следете ги парите: Париз - Исис- Париз

Дека оние што сами се разнесуваат или рафално пукаат по концертни сали се морони, морони се. Ама дека целата оваа приказна со тероризмот не може да се сведе само на морони, не може. Неколку незгодни прашања на таа тема.

Како сакате среќен Божиќ, кога ништо не е среќно?

На проповедта во Ватикан којa следуваше по 129-те жртви во Париз, 43-те жртви во Бејрут и 224-те жртви од соборениот руски авион, Папата Франциско го прогласи годинешниот Божиќ за лакрдија бидејќи "целиот свет е во војна".

Мексиканците се пакуваат од САД

Денес во САД влегуваат помалку Мексиканци отколку што од таму излегуваат. И тоа нема врска со заканите на Доналд Дамб дека ќе ги протера илегалците.

Ново НАТО со Русија и Арапи?

Во говорот пред преполна сала во Универзитетот Џорџтаун, кандидатот за претседател на САД, предложи формирање на нешто што би било како ново НАТО, чија цел ќе биде борба против глобалниот екстремизам, и ќе биде надополнето со Русија.

Како да го победиш ИСИС за неколку недели

Првиот човек на курдското разузнавање и безбедност во интервју за БиБиСи објаснува дека нема потреба од глобално драмење и преплашеност од ИСИС, туку се што треба е светската заедница "комплетно се ангажира" околу нив и проблемот ќе биде решен за неколку недели.

Рамноправност меѓу мажите и жените ќе има за 118 години

Со вакво понашање во домот, компаниите и владите, за глобална рамноправност меѓу половите ќе се почека за век и кусур, покажува најновиот извештај на Светскиот економски форум кој го регистрира севкупно килавиот напредок во оваа област. Словенија е одлично 9-та, Македонија е на 69-тото место, после Украина, пред Албанија.

Најбогатите терористи во историјата

Кога не работат на упорно одржување на својот рејтинг како најомразен ентитет во светот по сите можни основи, ИСИС се зафатени со правење пари за финансирање на своето постоење и своите акции. Како што се успешни во првото, така се и во второто.

Како ИСИС ги избира бомбашите самоубијци

Заедничко за сите овие луѓе е само нивната крајна точка и одјавата од светов, ништо друго што претходно им се случува не им е заедничко, ниту потекло, ниту образование, и наспроти логиката, ниту религијата во која се израснати.

Полека со тоа пасошот

Сирискиот пасош најден кај еден од терористите во Париз очекувано ги потпали теориите дека мигрантската криза е пеколен план на Исис да се инфилтрира во Европа. Многумина забораваат дека фактот што луѓето бегаат од ИСИС и нивниот калифат, всушност, е најголемиот пораз на мороните. 

Херојот на Бејрут

Во веста која деновиве во најдобар случај беше сервисно третирана, за смртта на 43 лица во два напади на бомбаши самоубијци во Бејрут, најчесто фали делот околу Адел Термос, човекот кој спаси веројатно уште стотина луѓе од самоубијците на ИСИС.

Како се одвиваа терористичките напади во Париз

Во период од околу 40 минути Париз беше погоден од шест смртоносни напади, во кои загинаа над 120 лица.

Mасакр низ улиците на Париз

Петокот вечерта шест локации во Париз беа мета на терористички напад: вооружени напаѓачи пукаа на публиката на рок концерт и на гости во ресторан; а неколку бомби беа детонирани во близина на Стад Де Франс каде што играа Франција и Германија. Оланд соопшти дека нападот е дело на џихадисти на ИСИС. Неколку часа подоцна ИСИС ја презема одговорноста.

Шведска ги замоли бегалците да причекаат во Германија

Без да се меша во политика или дипломатија и чисто по основа на ланец на снабдување, шведска Икеа објави дека заради неочекувано големата побарувачка предизвикана од напливот на азиланти, веќе се на последните резерви со кревети и душеци, а не дека можат да отидат во Икеа и да купат уште колку им требаат кревети.

КФЦ Иран 01.11.2015 - 03.11.2015

Во неделата вечер КФЦ брендиран ресторан почна со работа во Техеран. Работеше неделата вечер, понеделникот во регуларното работно време, и вторникот утрото додека не дојде инспекција да го затвори затоа што личел премногу американски.

Кралот на бреговите

Само што испратив четири бродови за Грција, и од тоа кај мене во џеб завршуваат 10 илјади долари, се фали Малик ал-Бехар (Кралот на бреговите) во интервјуто на Њу рипаблик, 38-годишниот Сириец кој господари со најголемиот ланец за шверц на Сиријци од Измир во Европа.

Водич низ теориите за паѓањето на рускиот авион

Руските семејства веќе почнаа да ги идентификуваат остатоците од 224-те жртви од авионската несреќа над Египет. Египетските власти работат со Русите на истражување на црните кутии од авионите и во меѓувреме нема никакви дополнителни официјални информации. Тоа не значи и дека нема шпекулации по сите можни основи.