Информацијата од владини извори ја објавува весникот Ал Ријад, ама без да наведе за кој Твитер корисник станува збор или пак можната казна.
"Министерството ќе го тужи лицето кој го опиша осудувањето на човек на смрт заради одметнување дека е 'налик ИСИС,'" пренесува весникот изјава на владин функционер.
Казноповлекувачкиот твит се однесува на петочната одлука на саудискиот суд да го казни палестинскиот поет Ашраф Фајад на смрт заради одметнување - напуштање на верата.
Самиот правен систем на Саудиска Арабија е базиран на Шеријатот, а неговите судии се свештеници од ултра-конзервативните Вахабисти.
Во 2014-та, саудискиот суд во Ријад осуди тројца адвокати на до осум години затвор откако на Твитер го критикуваа министерство за правда.