
"Се ближиме до Божиќ. Ќе има светла, ќе има забави, ќе има осветлени дрва, дури и сцени од христовото рождество, додека светот продолжува да води војна.
Сето ова е лакрдија. Светот не го разбира патот на мирот. Целиот свет е во војна.
Војната може да биде оправдана, ајде така да кажеме, со многу, многу причини, ама кога целиот свет како што е денес, во војна, е поделен на парчиња - иако таа војна може да се случува малку ваму, малку онаму - тогаш нема оправдание," порачал Папата.
Тој исто така зборувал и за "недолжните жртви" на војната и ги осудил дилерите на оружје за нивната улога во светските конфликти.