Мексико проговара

ИСИС од сред истокот, во едно свое видео му се заканува на Мексико од сред Америка, за тоа што учествувал во коалицијата против нив, оддалеченост и културолошка некомпатибилност која Мексиканците крајно шармантно ја искористија.

Освен тоа што се комплетна навреда за секој грам здрав разум, утката на нелуѓето од ИСИС е и во тоа што Мексико всушност не е дел од коалицијата против нив. Уште во 2003-та Владата на Мексико (заангажиранa од домашните штетници во форма на најкрволочните нарко-картели) одлучи да не ја поддржува војната во Ирак.

Па, наместо заклучување по дома и тресење од страв од очигледната забуна од ИСИС, Мексиканците одлучија да им пукаат сеир на песоколомците од преку пола свет. Резултат на ова е #IsisEnMexico (ИСИС во Мексико), а жртва се паралелно и ИСИС и мексиканската влада:


"Мексиканците кога дознаа за ИСИС во Мексико"


"Мексиканските сили подготвени за борба со терористите"


"Подготвени сме!"


"Без гајле, ја имаме мексиканската Лига на правдата"


"Спремни за војна"


П.С. еве го видеото... и нас нè испоштувале:

1 декември 2015 - 18:05